Алексовски: Ќе биде тешко со Шкупи, но Работнички е подготвен за сите предизвици пролетва

Работнички му гостува на Шкупи денеска од 14 часот во првото пролетно коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ не кријат дека сезонава битката за шампионската титула е желбата на тимот, иако се свесни дека ќе имаат повеќе од тешка битка со Силекс, Шкендија, Гостивар и Струга ТЛ.

„Подготвени сме за стартот на вториот дел од сезоната. Уште на почетокот не очекува тешко гостување на Чаир, но ние се надеваме дека ќе успееме да оствариме позитивен резултат. Имаме респект за Шкупи, но нашата цел е да продолжиме по патот кој го трасиравме во првиот дел од шампионатот. Одиме натпревар по натпревар, без еуфорија, но со максимална посветеност и желба за победа“ – вели репрезентативниот голман, Игор Алексовски.

ПРВА ЛИГА – 19. КОЛО (денеска, 14 ч.)
Скопје: ГОСТИВАР – СТРУГА ТЛ
Кратово: СИЛЕКС – ТИКВЕШ
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА
Охрид: ВОСКА СПОРТ – БЕСА
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ
Битола: ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА

Се вчитува...