Шкендија реагира на судењето на мечот со Вардар: ФФМ да овозможи фер и рамноправен шампионат за сите екипи

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкендија преку соопштение го изрази незадоволството од одредени одлуки на судиите предводени од Игор Стојчевски на дербито против Варадар во 19. коло.

Соопштението на ФК Шкендија ви го пренесуваме во целост:

„ФК Шкендија жестоко реагира на тенденциозното судење на натпреварот од 19. коло од Првата лига на Македонија против Вардар во Скопје. Одлуките на судиската тројка на чело со Игор Стојчевски директно влијаеја на текот на играта (со правилна референца многу рано ќе ја затворевме судбината на натпреварот), фаворизирајќи го домашниот тим со двојни критериуми и неправедни одлуки.

Од почетокот на натпреварот, судијата имаше едностран пристап, лесно казнувајќи ги нашите играчи и игнорирајќи ги фаулите против нас. Врвот беше достигнат во 64. минута, кога беше досуден сомнителен пенал за Вардар, а потоа неговото изведување беше повторено без чиста основа, иако нашиот голман ги почитуваше правилата. На крајот не беше досуден чист пенал во наша корист, потврдувајќи го нефер пристапот на судиите.

Поради оваа причина, ФК Шкендија се обрати со официјален одговор до Фудбалската федерација на Македонија и до надлежните органи, барајќи сериозен третман на оваа работа. Преку ова соопштение ја информираме јавноста за ваквата реакција, бидејќи сметаме дека е неопходна транспарентност и заштита на интегритетот на натпреварувањето, ФК Шкендија сериозно вложува за чесно да се натпреварува и не може да толерира работата и посветеноста на клубот да бидат оштетени со неправедни одлуки. Очекуваме конкретни мерки од ФФМ да гарантираат фер и рамноправен шампионат за сите екипи“, стои во соопштението на ФК Шкендија.

Се вчитува...