Валон Ахмеди официјално промовиран во дресот на Работнички (ФОТО)

Екипата на Работнички и официјално го промовираше големото засилување за пролетниот дел од сезоната, кое „романтичарите“ го добија во последните мигови од зимскиот преоден рок.

Ахмеди, кој ќе го носи дресот со број „7“, веќе е регистриран во ФФМ и ќе може да настапи за тимот на престојниот прволигашки натпревар против Воска Спорт.

Ахмеди, кој е роден во Охрид, е поранешен албански репрезентативец а во кариерата има настапувано и за словенечките Марибор и Целје, израелска Кирјат Шмона како и Солигорск во Белорусија. Во Македонија настапувано и за екипата на Шкендија.

Се вчитува...