Струга ТЛ и Вардар играат прво полувреме без голови на натпреварот во Струга. Поседот на топката повеќе беше на страната на гостите, кои ја погодија стативата преку Сенгор.
Струга ТЛ имаше шанса, откако Шабани од добра позиција шутираше, но Талески му го одбрани ударот.
Главно се играше на средината на теренот, имаше и неколку прекини и една повреда. Маудо ја напушти играта пред крајот на полувремето, за на терен да влезе Илиевски.
Инаку во Струга дојдоа и навивачите на Вардар „Комити“ кои на паузата на полувремето беа исфрлени од стадионот поради недолично навивање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

