Рашид: Го забораваме поразот од Шкупи и мислиме само на победа над Воска Спорт

Работнички со пораз од Шкупи на Чаир го стартуваше пролетниот дел од сезоната и битката за титулата во Првата македонска лига. „Романтичарите“ минатиот викенд одиграа слаб меч, и останаа без бодовите.

Сега „романтичарите“ ги чека натпревар со Воска Спорт, во обид да дојдат до првата победа во пролетниот дел од сезоната.

Стоперот Рашид Содик вели дека поразот од првото пролетно коло е веќе зад екипата, и сега мислите се насочени кон победа над Воска.

„Го оставивме поразот од Шкупи зад нас и сега размислуваме единствено за враќање на победничките патеки. Играме на домашен терен, свесни сме за нашиот квалитет, имаме самодоверба и одиме на победа против Воска Спорт. Не се залажуваме дека ќе биде лесно, затоа што нема „лесни“ дуели во Првата фудбалска лига. Ќе мораме да дадеме и повеќе од максимум за да ја оствариме целта.“, рече Рашид.

Се вчитува...