Ќатип Османи си поднесе оставка по поразот од Вардар

Ќатип Османи си поднесе оставка од тренерската функција на Струга ТЛ по денешниот пораз (0-2) на тимот од Вардар пред своите навивачи.

Стружани со два порази ја почнаа пролетната полусезона, поради што, како морален чин, Османи се поднесе оставка која беше прифатена од челниците на клубот.

„Клубот му изразува благодарност на Османи за неговиот професионален однос во времето поминато заедно, посакувајќи му се најдобро во натамошната кариера“ – објавија официјално од Струга ТЛ.

Османи беше тренер на стружани од крајот на мај минатата година кога дојде и до шампионската титула со клубот. Ја предводеше Струга ТЛ на вкупно 26 натпревари (12 победи, 5 нерешени и 9 порази).

Се вчитува...