Шкендија не заборави да им се оддолжи на едни од најголемите легенди во својата клупска историја, поранешните македонски репрезентативци Ферхан Буба Хасани и Бесарт Ибраими.
Пред почетокот на денешниот дерби-дуел во Тетово против екипата на Силекс, на кој Шкендија славеше со 4-2, раководството на клубот издвои признанија за Хасани и Ибраими за нивниот допринос за развојот на клубот.
Ферхан Хасани, кој неодамна објави дека става крај на својата професионална кариера, доби од спортскиот директор Ардијан Цуцули, благодарница и специјален подарок од Шкендија за се што направи за клубот во својата кариера.
Бесарт Ибраими, пак, и натаму продолжува да биде еден од најдобрите фудбалери во македонското првенство. Денеска повторно стрелаше за „црвено-црните“, постигнувајќи го својот вкупно 211 погодок во Првата македонска фудбалска лига, како ненадминлив рекордер во македонскиот фудбал. Од Шкендија, пак, доби подарок дрес со бројот 150 за своите 150 погодоци досега во дресот на тетовскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

