Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 20. КОЛО
Сите резултати во 20. коло одеа во прилог на Шкендија. Ќе беше премногу и Работнички да направеше нов „кикс“ па да не го победи тимот на Воска Спорт, за предноста на тетовскиот тим да беше поголема на првото место. Тетовските „црвено-црни“ со двете победи во пролетниот дел веќе им избега на ривалите за титулата. Го совлада директниот конкурент Силекс, Гостивар не ја совлада Беса, Струга ТЛ загуби, и само Работнички остана да го следи со победата на „мускули“ над Воска Спорт. Освен Шкендија, најмногу оваа пролет покажа и Шкупи. Чаирскиот тим дојде до победата на гостувањето во Струмица кај АП Брера и освои максимални бодови. Сепак, чаирчани и натаму се далеку од конкуренти за титулата, откако направија многу киксови во есенскиот дел, па тешко дека ќе сторат да направат нешто повеќе од оваа гледна точка. Вардар, конечно, го покажа своето вистинско лице и го совлада тимот на Струга ТЛ и тоа на негов терен. Затоа, пак, актуелниот првак и натаму е во зимски сон, и нема ниту еден освоен бод од првите две кола, што беше доволна причина за тренерска смена, откако Ќатип Османи си поднесе оставка од кормилото. Пелистер исто така покажа сериозна намера да го обезбеди опстанокот, додека Тиквеш после ремито во Кратово на домашен терен претрпе нов пораз. Иако поведе, сепак, три минути им беа доволни на гостите да го свртат мечот во своја корист. Единствено немаше голови на дуелот Беса – Гостивар, во меч во кој домашниот тим го крена гласот против судењето. А, дека имаше грешки и ова коло покажува фактот дека беа поништени два регуларни гола на мечот Работнички – Воска Спорт, по еден на двете страни.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Ване Крстевски (Шкендија)
Гол со петица и асистенција. Тоа беше учинокот на Ване Крстевски на мечот со Силекс. Тој е најзаслужниот за победата на тетовскиот тим. Шкендија и покрај тоа што имаше негатива, сепак, успеа да направи пресврт, и на крајот да дојде до триумф над директниот конкурент за врвот и да им избега на ривалите за титула.
================================
ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)
Вардар со голема победа се враќа од Струга. Кај шампионот, „црвено-црните“ пристигнаа како фенерџии, но успеаја да се издигнат над сите проблеми, и да слават голема победа. И не само тоа, туку Вардар во голем дел имаше и доминација на теренот, која во вториот дел ја материјализираа со два гола на Закариќ и на Мато.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Ване Крстевски (Шкендија)
Напаѓачот на Шкендија веднаш по негативата, успеа на убав начин со петица да го совлада голманот на Силекс, Љупче Џеков и така веднаш да донесе израмнување за својот тим.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
