Македонскиот прволигаш Струга назначи привремена замена на тренерската позиција од која замина Ќатип Османи по поразот од Вардар во последното коло од домашниот шампионат.
Станува збор за Меритон Гега кој е долгогодишен помошник во стручниот штаб на струшкиот тим, а минатата година го водеше и својот тим од клупата на последните три натпревари од сезоната, потврдувајќи ја и титулата.
Интересно, Гега минатата сезона дебитираше против Гостивар, натпревар на кој Струга славеше со минимални 1-0 во месец мај, а сега одново ќе го има дебито против гостиварци, но во Купот на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

