Дното е допрено: Јунајтед испадна и од ФА Купот на Англија

Катастрофалната сезона на Манчестер Јунајтед тргна на уште полошо откако „црвените ѓаволи“ ја загубија и последната шанса за трофеј на домашната сцена, со елиминацијата од ФА Купот од тимот на Фулам, на домашен терен преку пенал-рулет.

Јунајтед беше актуелен бранител на трофејот, но тимот на Рубен Аморим оваа сезона стигна само до осминафиналето, откако по голема борба беше елиминиран од незгодниот противник од Лондон. Фулам прв дојде во водство, а мечот во продолжение го испрати домашниот капитен Бруно Фернандеш.

Двата тима имаа свои шанси до 120. минута, мрежите мируваа, а потоа во пенал-рулетот поумешни беа фудбалерите на Фулам. Првите три серии донесоа максимална ефикасност на двете страни, но потоа следеa две одбрани на Лени при ударите на Линделоф и на Циркзе, за пласман на Фулам во четвртфиналето од ФА Купот.

Се вчитува...