Македонија во програмата за надежи на Меѓународната пинг-понг федерација

Македонија оваа година ќе биде дел од Програмата за надежи на Меѓународната пинг понг федерација.

Како што информираат од Македонската пингпонгарска федерација, 2025 година ќе биде година кога ќе се засилат вложување во младите надежи и Македонија ќе се приклучи на Програмата за млади надежи (Hopes Program) на ИТТФ. Оваа програма се однесува на деца/играчи до 12 години, односно родени 2013 години и помлади.

Оваа програма е дел од Одделот за спортски развој на ИТТФ и програмата за идентификување на таленти и претставува вовед и подготовка на млади играчи за квалификување на европска пинг понг сцена, а потоа и на светската. Програмата на едно место ги собира најголемите таленти со најдобрите тренери.

Се вчитува...