Хејз Дејвис со звукот на сирената го доближи Панатинаикос до „фајнл-фор“

Нова драма во Валенсија, овојпат зачинета и со продолженија и уште една победа на Панатиниакос на гостувањето во Шпанија од 105-107, за предност од 2-0 во серијата и се најде на чекор до пласман на „фајнл-фор“.

Откако во првиот меч славеше со само еден поен разлика, Панатинаикос овој пат победи по продолжение со кош во последната секунда на Најџел Хејс-Дејвис.

Регуларниот дел заврши 95-95, а продолжението беше своевидна резултатска вртелешка. И двата тима се сменија во водството, а на крајот се влезе со 105-105 и напад за Панатинаикос кој го искористи Хејс-Дејвис за својот 27-ми поен на мечот да ја заокружи својата блескава партија.

Монтеро кај Валенсија беше најефикасен, а македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс постигна 10 поени и запиша шест асистенции.

Се вчитува...