Aнтони не сака да се врати на „Олд трафорд“

Антони доживеа целосна трансформација со преминувањето во Бетис на позајмица, а како што стојат работите не сака да се врати во својот матичен клуб.

Бразилецот ги немаше најдобрите две години на „Олд трафорд“ и поради тоа често е оспоруван, особено што Јунајтед потроши над 90 милиони за да го доведе.

И покрај тоа, Антони доживеа „препородба“ во Бетис. На седум натпревари постигна три гола и додаде две асистенции. Покажа какви игри играше во Ајакс, пред да дојде во Јунајтед, а сега не сака да се врати на „Олд трафорд“!

Според шпанските медиуми, Антони изразил желба да остане во Бетис и по завршувањето на позајмицата која трае до крајот на сезоната.

Пред неколку дена се јави агентот на бразилското крило и рече дека воопшто не се согласува со филозофијата на Рубен Аморим, како и со неговото мислење во однос на неговиот клиент.

Се вчитува...