Силекс им даде дозвола на „Комити“ да дојдат во Кратово

По вчерашната реакција навивачите на Вардар денеска информираа дека сепак успеале да се изборат тимот да има поддршка на неделното гостување во Кратово против Силекс.

Натпреварот кој ќе се игра во недела од 14 часот во Кратово сепак на крајот ќе биде и со присуство на гостински навивачи.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на Комити.

„Обидот на Управата да оневозможи наше присуство во Кратово пропадна! Влез на стадионот, како и посебен дел на трибините, официјално се обезбедени. Ова е одлука на Управата на Силекс, која без разлика на сето досегашно ривалство, апсолутно ја поздравуваме! Е ова мора да биде сигнал за секој наш член, за секој Вардарец. Сега е моментот, сега се кова железото. Запали ја колата и во недела со екипата, дојди во Кратово! НАПОМЕНА: Пред стадионот е обезбеден посебен паркинг за нас. Не доцнете, во 13:30ч. најдоцна пред влез! Со нас никој не истерал до крај!“, велат од „Комити“.

Се вчитува...