Мечот во Кратово ќе доцни поради дупната гума на автобусот на Вардар

Натпреварот меѓу Силекс и Вардар од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига во Кратово ќе доцни половина час.

Како што информираат домаќините, почетокот на натпреварот ќе доцни поради доцнењето на фудбалерит на Вардар во Кратово. „Вардарци“ задониле на натпреварот поради дупната гума на автобусот со кој патувале на натпреварот.

Преостанатите дуели од денешната програма започнаа од 14 часот.

ПРВА ЛИГА – 23. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР
Скопје: ГОСТИВАР – АП БРЕРА
Струга: СТРУГА ТЛ – ВОСКА
Скопје: ШКУПИ – БЕСА
УТРЕ (10 март, 14 ч.)
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ

Се вчитува...