ФК Тиквеш добива германски спонзор

Македонскиот фудбалски прволигаш Тиквеш добива нов спонзор, во името на германска фирма која до крајот на овој месец ќе треба да вложи еден милион евра во клубот од Кавадарци.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на последната седница на советот кажа дека германски инвеститор ќе му помогне на Тиквеш, а за возврат тој ќе добие 50 отсто од акциите.

Остатокот од акциите, ќе останат на општина Кавадарци која исто така ќе има контрола на случувањата во прволигашот.

Тиквеш во моментов се наоѓа на 10. место во ПМФЛ со 18 бодови и до крајот на сезоната го чека голема борба за опстанок.

Се вчитува...