Фудбалерите на Вардар и Шкендија одиграа без победник 1-1 во премиерниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига. Поради настапот на репрезентацијата во квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година, денешниот меч се одигра на тренинг комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“.
Најголемите возбудувања ги видовме во првиот дел. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Рамадани во 21. минута, додека домаќините израмнија на 1-1 преку Спахиу само четири минути подоцна.
Во вториот дел мируваа мрежите по што двата тима си поделија по еден бод, вреден за едните во борбата за титулата, а за другите во борбата за опстанок во елитниот шампионат на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА