Силекс, Гостивар и Работнички против екипите од дното по бодови за приклучок кон Шкендија

Екипите од врвот до Првата македонска фудбалска лига, Силекс, Работнички и Гостивар денеска во 24.коло од шампионатот против екипи од дното во желбата за нови бодови со кои ќе се доближат повторно до Шкендија во битката за шампионската титула.

Силекс гостува на АП Брера во Струмица, Работнички, пак, во Охрид против Воска Спорт а Гостивар ќе се соочи со Тиквеш во Кавадарци.

Струга ТЛ, пак, не се откажува исто така од позицијата која може да значи европски излез, но сето тоа ќе треба да го покаже и денеска на гостувањето против Беса.

„Верувам дека сме подготвени за мечот со Беса, уште еден противник кој со сите сили се бори за опстанок, уште еден тежок противник, кој најверојатно повеќе ќе се фокусира на одбраната. Верувам дека сме доволно подготвени за овој меч, го анализиравме, им дадовме задачи на играчите кои ќе треба да ги спроведат на терен и ако се случи такво нешто, верувам дека добро ќе се забавуваме“ – вели шефот на стручниот штаб на Струга ТЛ, Илчо Ѓорѓиоски, притоа нагласувајќи дека секој од играчите мора да биде мотивиран силно за секој предизвик кој го очекува до крајот на сезоната.

„Тоа се професионални фудбалери кои на секој натпревар мора да влезат мотивирани и решени да победат. Многу зависи од карактерот на играчите и јас секогаш избирам играчи со карактер и победнички менталитет, кои веруваат во себе, кои веруваат во тимот и кои имаат цели што сакаат да ги постигнат и овде во клубот и во нивните животи“ – истакнува Илчо Ѓорѓиоски.

ПМФЛ – 24. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
Гостивар: БЕСА – СТРУГА ТЛ
Охрид: ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ
Кавадарци: ТИКВЕШ – ГОСТИВАР
Струмица: АП БРЕРА – СИЛЕКС
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1
Спахиу 25′ – Рамадани 21′

Се вчитува...