Силекс се доближи до врвот, Гостивар се „сопна“ во Кавадарци, Работнички испушти победа во 94. минута (ВИДЕО)

Силекс му се доближи на Шкендија на два бода од првото место на  табелата, откако денеска триумфираше над АП Брера. Со голови во вториот дел на Ѓорѓиевск и на Алиќ, кратовци успеаја да ги освојат вредните бодови, и така сега тие два тима ја водат битката за титулата, откако се „сопнаа“ Гостивар во Кавадарци, и Работнички кој освои само бод во Охрид над Воска Спорт.

Струга ТЛ продолжува со „продажба“ на бодови, па така тимот загуби на гостувањето во Гостивар од Беса. Беса освојува златни три бода во битката за опстанокот. Вредна победа во битката за опстанокот забележа и Тиквеш, кој на домашен терен го совлада Гостивар. Со тоа тимот на Гостивар прави огромен чекор назад во битката за титулата, со најновиот „кикс“.

Чекор назад во битката за врвот направи и тимот на Работнички, кој во финишот „прокоцка“ два бода, односно одигра само нерешено, иако до последен момент водеше со голот на Гандо. Во четвртата минута од судиското надполнување Воска им ја „украде“ победата.

Шкупи доживеа нов непријатен домашен пораз, откако загуби од Пелистер со голот на Ристевски во 74. минута од средбата. Вреди да се напомене дека пелистерци дојдоа до оваа победа со играч помалку.

ПМФЛ, 24. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

АП БРЕРА – СИЛЕКС 0-2
(Ѓорѓиевски 69′ Алиќ 80′)

БЕСА – СТРУГА ТЛ 3-2
(Шефити 38′, Незири 52′, Селмани 69′ – Фал 11′, Малески 90′)

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 0-1
(Ристевски 74′)

ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2-1
(Садик (п) 15′, Вареловски 58′ – )

ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 1-1
(Осеи 90’+4 – Гандо 14′)

ВЧЕРА:

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1-1

Standings provided by Sofascore

 ГОЛОВИТЕ ОД НАТПРЕВАРИТЕ

АП БРЕРА – СИЛЕКС 0-2

ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2-1

БЕСА – СТРУГА ТЛ 3-2

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 0-1

ВОСКА СПОРТ – РАБОТНИЧКИ 1-1

Се вчитува...