ФК Тиквеш: Информациите на ФК Гостивар се невистинити, престојуваа во хотел во Неготино

После објавата на ФК Гостивар дека имало труење кај нивни фудбалери во карантинот непосредно пред натпреварот во Кавадарци, од ФК Тиквеш ги демантираат овие како што ги нарекоа невистини на противникот.
„Градскиот фудбалски клуб ТИКВЕШ ја информира спортската јавност во врска со новото соопштение на ФК Гостивар, дека сите нивни информации се невистинити!
Од нивното соопштение разбравме дека фудбалерите и стручниот штаб биле сместени во карантин, но за вистина на јавноста престојувале во хотел во Неготино.
Никој од стручниот штаб на гостите пред почетокот на натпреварот не пријави проблем со фудбалерите, истите беа уредно пречекани и се беше во најдобар се до почетокот на натпреварот.
Исто така имаме информација дека поголем дел од фудбалерите верници на муслиманската вероисповед, се придржуваат кон Рамазанскиот пост.
Управата на ГФК Тиквеш ќе поднесе соодветна пријава и тужба против ФК Гостивар, за изјавените обвиненија, саботажа и клевета кон нашиот клуб, како и за манипулирање на јавноста со вистината !!!“, стои во соопштението.

Се вчитува...