Ливерпил се подготвува за смена на генерции и заминувања на дел од фудбалерите кои ја одбележаа последната деценија на „Енфилд“. За тоа говори интересот на „црвените“ на трансфермаркетот каде во фокусот се стопер и десен бек.
Договорите на Вирџил ван Дајк и Трент Александер-Арнолд завршуваат со крајот на сезоната, а засега не се водат конкретни преговори за продолжување на соработката. Напротив, според германските медиуми Ливерпул веќе е во преговори со Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен за ангажман на Нико Шлотербек, односно Жереми Фримпонг.
Шлотербек е германски репрезентативец на кој Слот гледа како нов столб во одбраната па тој е мета број еден за оваа позиција. Неговиот траснфер се очекува да изнесува 50 милиони евра.
Слична е и ситуацијата со Фримпонг кој изрази желба за промена на средината. Холанѓенецот е добро познат на Слот па за негов ангажман нема да претставува проблем ниту откупната клаузула од 40 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА