Интер Мајами подготвува нов договор за Меси

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е блиску до потпишување нов договор со Интер Мајами.

Најдобриот фудбалер на сите времиња наскоро би можел да ја продолжи соработката со тимот од МЛС лигата. Аргентинецот стигна во Интер Мајами летото 2023 година и потпиша договор до крајот на тековната сезона (2025), но се очекува и следната година да ја помине во истата средина.

Како што пишува „Атлетик“, Меси најверојатно ќе потпише нов едногодишен договор со клубот кој ќе биде со важност до декември 2026 година.

Се уште не е познато дали Аргентинецот следната година ќе игра на Светското првенство каде неговата репрезентација го брани трофејот освоен во Катар во 2022 година, но продолжувањето на соработката со Мајами може да го открие одговорот на тоа прашање.

Се вчитува...