Позната е иднината на Лионел Меси

Лионел Меси ќе го продолжи договорот со Интер Мајами на најмалку уште една сезона, пренесуваат американските медиуми. Договорот на легендарниот аргентински фудбалер истекува на крајот на сезоната, а тој не намерува да замине од клубот.

Целта на Меси е да остане дел од клубот каде ќе биде конкурентен и за настап на Светското првенство кое ќе се одржи во 2026 година. Најавите за продолжување на договорот ги најави и претседателот на Интер Мајами, Хорхе Мас.

„Очекувам Меси да игра на новиот стадион на Интер Мајами во 2026 година. Тоа е важна одлука. Разговараме со него за иднината во клубот“, изјави Мас.

Меси е дел од Интер Мајами од 2023 година каде пристигна по две сезони поминати во ПСЖ.

Се вчитува...