Меси ги шокираше Аргентинците: „За мене најдобар фудбалер е Роналдо…!“

Без сомнение, Лионел Меси, според многумина е убедливо најдобриот фудбалер на сите времиња. Освои рекордни осум „Златни топки“, четири титули во Лигата на шампионите, како и Светското првенство со Аргентина, а успеа да постигне 91 гол во 2012 година, најмногу голови постигнати од еден играч во една календарска година.

Но, се уште не се заситува од фудбалот, па се најавува продолжување на договорот со Интер Мајами за уште една година, а прашањето е дали ќе се пензионира од фудбалот и после тоа или ќе продолжи да игра.

Во својата кариера, Меси имаше можност да игра со или против некои од најголемите фудбалери во светот како што се Андрес Иниеста, Тиери Анри, Кристијано Роналдо, Нејмар, Вејн Руни и многу други. Но, ниту едно од нив не е за Меси најдобриот што некогаш го гледал во живо.

За Меси, тоа е легендата на Реал Мадрид, Роналдо Назарио.

„Роналдо Назарио беше феномен. Од сите напаѓачи што сум ги видел, тој е најдобар за мене. Импресивен играч од секој аспект. Тој е дефинитивно најдобриот што сум го гледал“ – вели Меси, изненадувајќи ја аргентинската јавност со изборот на Бразилец.

Тој го именуваше и поранешниот играч на Манчестер Сити, Пабло Мафе, како најтешкиот одбранбен играч против кој играл.

Се вчитува...