Анчелоти не го повика Винисиус во репрезентацијата на Бразил

Селекторот на Бразил, легендарниот Карло Анчелоти се одлучи да не го повика еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Винисиус Жуниор за завршните натпревари од квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во Северна Америка.

Асот на Реал Мадрид нема да биде дел од натпреварите против Чиле и Боливија. Тој поради суспензија секако не можеше да настапи на дуелот со Чилеанците, но од друга страна изненадување е што Анчелоти реши тој да не биде во комбинација ниту за последниот дуел со Боливија.

Италијанскиот стратег и бразилскиот фудбалер имаат фантастична соработка која трае од Реал Мадрид каде освоија бројни титули. Винисиус беше и најзаслужен за освоениот трофеј во Лигата на Шампионите во 2024 година постигнувајќи еден од двата гола на средбата.

Се вчитува...