Интер Мајами на инсистирање на Лионел Меси со своите редови го донесе младиот талентиран Аргентинец, Матео Силвети. Интересно, 19-годишникот пристигна во Соединетите американски држави од Њувел, клубот за кој Меси настапуваше пред преселбата во Европа.
Силвети веќе стекна искуство настапувајќи за првиот тим на Њувел со вкупно 37 настапи на кои постигна шест голови па и се очекува да биде големо засилување за амбициозниот американски тим.
Младиот фудбалер кој ја покрива десната крилна позиција беше трансфер желба и на Интер, Порто и Ајакс, но се одлучи за Интер Мајами каде ќе има шанса да учи од еден од најдобрите фудбалери во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

