Чешката фудбалска репрезентација е во потрага по селектор, откако Иван Хашек доби отказ по бламажата и поразот од Фарски Острови во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Според информациите кои доаѓаат од оваа земја, многу блиску да го преземе кормилото на Чешка е германската легенда Јирген Клинсман. Клинсман од минатата година е без работа, откако последен ангажман му беше на кормилото на Јужна Кореја.
Поранешниот напаѓач на Германија, беше селектор и на својата татковина, го водеше и Баерн Минхен, а пет години беше на чело на селекцијата на САД, од 2011 до 2016 година. Во сезоната 2019-2020 работеше и во Херта, а потоа три години беше без ангажман, па седна на клупата на Јужна Кореја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

