Тага во светот на фудбалот: Почина поранешниот селектор на Мексико

Мануел Лапуенте, еден од најуспешните тренери и селектори во историјата на мексиканскиот фудбал, почина денес на 81-годишна возраст, објави Фудбалската федерација на земјата денес на своите канали на социјалните мрежи, но не ги прецизираше причините за смртта.

Лапуенте беше професионален фудбалер од 1964 до 1975 година, потоа се сврте кон тренерската работа. Тој имаше два периода со националниот тим на земјата, првиот од 1990 до 1991 година, во кој ја водеше само на 11 натпревари

Но, во вториот мандат го однесе Мексико за Светското првенство во 1998 година, а во 1999 година го освои Купот на конфедерации на ФИФА, откако го победи Бразил со 4-3 на стадионот „Ацтека“. Една година претходно, тој го освои и Голд Купот на КОНКАКАФ, победувајќи ги САД во натпреварот за трофејот.

На Светското првенство во 1998 година, Мексико ја помина групната фаза, но беше елиминиран во осминафиналето, каде што се соочи со Германија. Како клупски тренер, Мануел Лапуенте освои пет шампионски титули во Мексико, две со Пуебла (1983 и 1990), две со Некакса (1995, 1996) и едно со еден од најпопуларните локални клубови, Америка во 2002 година.

Се вчитува...