Фудбалската ѕвезда на Зенит, Андреј Мостовој преживеал голема драма откако киднапери се обиделе да го грабнат во Санкт Петербург, пренесуваат руските медиуми.
Дваесетиседумгодишникот успеал да се одбрани од киднаперите кои подоцна неуспешно се обиделе да го киднапираат и бизнисменот Сергеј Селеген по што се фатени од страна на полицијата.
Станува збор за четири киднапери родени во годините 2005 и 2006 кои добиле упатство како да го извршат чинот преку платформата „Телеграм“ од страна на лице кое засега е непознато за полицијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

