Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ги откри своите „кандидати“ за ГОАТ (најдобар спортист на сите времиња), истакнувајќи го Диего Марадона како најголем модел за едно такво признание.
Според Меси, никој не му дал повеќе на фудбалот од легендарниот Марадона, кој почина во 2020 година.
„За нас Аргентинците, Марадона отсекогаш бил најголемиот идол и ни предизвикувал најголемо восхитување. Поради сè што ни значеше. Бев мал и го гледав како игра во живо. Диего надмина сè“, изјави Меси за Ен-Би-Си.
Тој се осврна и на кошарката и тенисот, споменувајќи го и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
„Кога станува збор за други спортови, мислам дека истото се случи и со Мајкл Џордан. Тој сигурно е кандидат за ГОАТ исто како и тенисерите Федерер, Рафа и Ѓоковиќ и мислам дека сите тројца го направија тој спорт многу поголем отколку што беше порано“, вели Меси.
Меси истакна уште неколку имиња, како што се Леброн Џејмс и Стеф Кари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

