Хари Кејн сака да се проба и во друг спорт

Напаѓачот на Баерн Минхен и англиски фудбалски репрезентативец, Хари Кејн уште еднаш ја нагласи својата голема љубов кон НФЛ и желбата можеби еден ден професионално да игра американски фудбал.

Не е невообичаено познати фудбалери да бидат поврзани со доаѓањето во НФЛ, а бројни НФЛ клубови го бараа својот потенцијален „кикер“ во фудбалерите.

„Доаѓањето во НФЛ и играњето професионален американски фудбал е постојано во мојата потсвест. Не очекувам да се појавам на теренот и да постигнувам филд голови без никакви проблеми. Знам дека би било многу напорна работа, но би го прифатил тоа. И со задоволство“, рече еден од најдобрите светски напаѓачи во последната деценија.

Се вчитува...