Српски голман ја има најубавата интервенција во Премиерлигата (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед славеше со 3-1 против Бормут во 10. коло од Премиерлигата, потврдувајќи ја фаворитската улога со два гола постигнати од страна на неверојатниот Ерлинг Халанд.

Но, во центарот на вниманието по овој натпревар останува српскиот репрезентативен голман Џорџе Петровиќ кој ја има една од најубавите интервенции во досегашниот дел од првенството во елитниот фудбал во Англија.

Петровиќ во 36. минута спречи хет-трик на Халанд и тоа од „зицер“ позиција па ги собра симпатиите на навивачите. Интервенцијата на Србинот може да ја погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...