Ван Дајк му одговори на Руни: Молчеше лани додека Ливерпул победуваше

Ливерпул со победата над Астон Вила ја прекина серијата од четири порази во Премиер-лигата, за намалување на притисокот врз Арне Слот, но и над клучните играчи на „црвените“.

Салах конечно врза два меча со постигнат гол сезонава, додека одбраната на чело со Вирџил ван Дајк по подолго време не прими ниту еден погодок. Токму Ван Дајк беше најгласно критикуван од страна на Вејн Руни како клучен актер во кризата на Ливерпул, па холандскиот дефанзивец реши да му одговри на поранешниот голгетер.

„Ми беше пренесено што зборувал Вејн Руни, што ми е чудно бидејќи тој цела ланска сезона молчеше додека Ливерпул победуваше. Искрено, не допира до мене бидејќи тој е легенда и можам да кажам само позитивни работи за Руни како играч, но мислам дека последните коментари што ги дал се знак на негова мрзеливост за повеќе работа и подлабока анализа. Тоа е мое лично мислење… бидејќи е најлесно да обвините еден играч за нешто што се случува во клубот, но ако си поранешен фудбалер треба да ти е јасно дека ова е колективен спорт во кој сите мора да помагаат и да даваат свој придонес, особено во периодот кога резултатите не одат како што се очекува“, истакна Ван Дајк.

Следен предизвик за Реал Мадрид е мега-дуелот во Лигата на Шампионите против Реал Мадрид во кој „црвените“ ќе се обидат да најдат начин да го запрат Килијан Мбапе, кој игра во неверојатна форма од стартот на сезонава.

Се вчитува...