Трент Александер-Арнолд се врати во Ливерпул за натпреварот од Лигата на Шампионите и не ја пропушти шансата да му оддаде почит на прерано починатиот поранешен соиграч, Диого Жота кој заедно со својот брат трагично го загубија животот во сообраќајна несреќа.
Англискиот репрезентативец имаше и посебна порака за својот голем пријател која брзо стана вирална на социјалните мрежи.
„Многу ни фалиш, но и многу те сакаме. Спомените на тебе и Андре ќе живеат вечно. Секој пат кога ќе помислам на тебе се насмевнувам и вечно ќе ги паметам убавите моменти кои ги делевме. Ми фалиш другар, секој ден“, пишува во пораката на Александер-Арнолд.
— Liverpool FC (@LFC) November 3, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

