Сандерленд и Евертон ремизираа со 1-1 во последниот натпревар од 10. коло во Премиерлигата.
Ндиаје во 15. минута донесе предност за гостите, а Евертон истата ја задржа до стартот на второто полувреме. Во 46. минута Џака постигна гол за изедначување, а резултатот 1-1 остана на семафорот до крајот на средбата.
Со новите бодови Сандерленд останува високо на табелата, изедначен на третата позиција со Ливерпул со по 18 освоени бодови. Евертон пак со 12 бодови се искачи на 14. позиција.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

