Селекторот на Велс, Крег Белами добил понуда да го води шкотскиот гигант Селтик, пренесува „Би-Би-Си“. Понудата на предводникот на националниот тим на Велс доаѓа пред мечот со Македонија, кој е најважен за селекцијата во овие квалификации.
Сепак, според овој медиум, засега Велшанецот нема да го напушти кормилото на националниот тим за да се пресели во Селтик. Договор би можел да се случи дури после квалификациите, меѓутоа и до тоа ќе дојде многу тешко, со оглед дека желбата на Белами е да ја води својата селекција на Светско првенство.
Велс во ноемви има два меча пред себе: против Лихтенштајн на гости, и против Македонија во Кардиф. Ако триумфира со Лихтенштајн со повеќе од шест гола разлика, тогаш ќе му биде доволен и бод против Македонија за да го обезбеди второто место на табелата, и евентуален бараж. Првото веројатно ќе биде резервирано за Белгија.
Велс против Македонија во Скопје одигра нерешено 1-1, откако се спаси во последните секунди од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

