Фудбалерот на Тотенхем, Дестини Удоги, беше цел на напад на почетокот на септември оваа година. Според британските медиуми, неговиот поранешен агент му се заканил со пиштол, поради конфликт кога левиот бек решил да ја прекине соработката со него.
Два дена после инцидентот, агентот бил уапсен за поседување на огнено оружје, уцена и управување на возило без возачка дозвола.
„Ги поддржуваме Дестини и неговото семејство уште од инцидентот и ќе продолжиме да го правиме тоа. Бидејќи ова е правно прашање, не можеме да коментираме понатаму “, се вели во соопштението на Тотенхем.
Удоги неодамна се опорави од повреда и беше стартер на вчерашниот меч против Копенахаген во триумфот од 4-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

