Белами го откачи Селтик: Уживам што сум селектор на Велс

Крег Белами ги разреши сите дилеми околу својата тренерска иднина откако јавно ја одби понудата на Селтик, јасно ставајќи до знаење дека е целосно фокусиран на наредните предизвици како селектор на Велс.

Токму Белами и Велс ќе бидат следните ривали на Македонија во завршницата од квалификациите за СП 2026, а поранешниот голгетер е дециден дека оваа селекторска функција е единствената работа што го интересира во моментов.

„Целосно сум посветен на мојот сегашен ангажман, уживам што сум селектор на Велс и не размислувам за ниту една друга функција во фудбалот. Ги разбирам шпекулациите бидеји како играч имам настапувам таму, но не се гледам како тренер на Селтик во моментов. Како што стојат работите, би требало да играме бараж во март, вистината е дека јас сакам да го водам Велс во тие мечеви, да се обидам да се пласираме на СП. Не ми е потребно ништо повеќе од она што го имам во моментов на професионален план“, изјави Белами.

Се вчитува...