Селекторот на репрезентацијата на САД, Маурисио Покетино, призна дека му недостига Премиер лигата и дека еден ден би сакал да се врати на тренерската работа во Англија. 53-годишниот поранешен менаџер на Саутемптон, Тотенхем и Челзи моментално е на чело на САД, со кои ќе игра на Мундијалот идната година.
Но, тој јасно стави до знаење дека неговите долгорочни амбиции вклучуваат враќање во Англија, која ја напушти во 2024 година откако доби отказ од Челси.
„Секако дека ми недостига. Многу сум среќен во Америка, но исто така размислувам еден ден да се вратам во Премиер лигата. Тоа е најсилната лига“, изјави Покетино за Би-Би-Си.
За пет години во Тотенхем, Аргентинецот ги предводеше до второто место, како и до финалето на Лигата на шампионите и Лига купот, но сака уште една шанса да се натпреварува за трофеи.
„Мислам дека бевме толку блиску со Тотенхем што речиси го допревме трофејот. Тоа е нешто што би сакал да го постигнам“, додаде Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

