Мареска: Невозможно е истите играчи да играат 65 меча во една сезона

Тренерот на Челси, Енцо Мареска, одговори на прозивките на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација Вејн Руни.

Руни претходно го критикуваше лондонскиот тим и тренерот Мареска поради честите ротации кои ги прави, сметајќи дека тоа е причината што „сините“ немаат подобри резултати. Меѓутоа Мареска ја кажа причината зошто прави толку ротации.

„Многу пати сум рекол дека живееме во ера кога секој може да каже што сака. Го почитувам тоа. Кога ќе ги ставите Андреј Сантос, бразилски репрезентативец, Џорел Хато, холандски репрезентативец, и Естевао, бразилски репрезентативец, во постава, тоа не е ротација. Тие се добри играчи, талентирани, млади. Мора да им дадете можност да прават грешки за да се подобрат. Истото се случи и со Џош Ачеампонг. Но, разбирам дека кога не победувате, проблемот е во ротацијата или други работи. Според мене, невозможно е да се играат исти играчи 65 натпревари по сезона, без разлика дали станува збор за Лигата на шампионите или Премиер лигата. Фудбалот беше поинаков пред многу години. Играв 20 години. Фудбалот не беше толку физички напорен, но сега сè се промени. Треба да се ротира составот“, изјави Мареска.

Се вчитува...