На Слот му пукна филмот: Секој зборува за фудбал, а никој не им кажува на хирурзите како да си ја вршат работата…

Арне Слот трпеше сериозни критики по серијата слаби игри на Ливерпул, но откако „црвеннте“ славеа без примен гол против Астон Вила и Реал Мадрид холандскиот стручњак реши да им одговори на стручњаците што константно имаат забелешки за изданијата на неговиот тим.

Улогата на Флоријан Вирц во тимот обично е главна тема на критики кон Слот, но менаџерот на Ливерпул е убеден дека германскиот ас наскоро ќе влезе во посакуваниот ритам.

„Секој има право на свое мислење на секоја тема во животот и тоа е сосема нормално. Само што, кога станува збор за фудбалот, секој наоѓа начин тоа мислење да го пласира во јавноста, без да знае поконкретни детали околу тоа што го зборува… Ако треба да ми се направи операција, сигурно нема да му кажам на хирургот како треба да ја изврши бидејќи тој си ја знае работата. Во светот на фудбалот не е така, секој секогаш може да каже нешто за нашата работа и додека победуваме, а особено кога губиме. Слушнав дека Вирц го уништил нашиот среден ред, што е навистина смешно. Говориме за играч од светска класа, тој одигра маестрално како крило против Реал, а убеден сум дека наскоро ќе биде подеднакво добар и кога ќе игра во средниот ред“, прокоментира Слот.

Се вчитува...