Клоп со порака до Гвардиола: Пријателе, добредојде во клубот

Пеп Гвардиола утре ќе го води јубилејниот 1.000 меч во тренерската кариера, и тоа токму против Ливерпул, клубот со кој каталонскиот стратег водеше бројни незаборавни битки во изминатите години.

Во огромен дел од овие битки тој за ривал го имаше Јирген Клоп, двајцата врвни тренери низ годините развија големо пријателство, па Германецот денеска преку видео-порака му го честиташе јубилејот на Пеп. Во свој стил, Клоп воедно со насмевка на лицето потсети и дека тој стигнал до „илјадарката“ пред Гвардиола.

„Здраво пријателе, добредојде во клубот 1.000. Не можам да верувам дека изгледаш толку млад, а стигна до оваа неверојатна бројка. Најверојатно не морам да ти кажам дека јас стигнав до неа 81 меч пред тебе, он тоа ајверојатон е само затоа што и почав пред тебе. Како што имам кажано милион пати, беше задоволство и чест да се среќавам толку пати против тебе во текот на нашите кариери. Тоа беа најтешките средби, но исто така и средбите во кои најмногу уживав. Ти беше и се уште си инспирација за сите нас, желбата и енергијата што ги покажуваш секој денн се апсолутно неверојатни“, му порача Клоп на големиот пријател.

Се вчитува...