Поранешниот стратег на Металург и на Вардар, Зоран Кастратовиќ, има нов предизвик во кариерата откако постигна договор да стане селектор на Јордан.
Кастратовиќ веќе замина за оваа земја, на потпис на договорот, со што и официјално ќе стартува новата епизода во неговата кариера.
Овој искусен стратгег веќе има работено со националните тимови на Иран и на Саудиска Арабија, а токму неговиот професионализам беше препорака Кастратовиќ да биде избран за нов селектор на Јордан.
Покрај во македонските клубови Вардар, Металург и Пролет, Кастратсовиќ во богаттата тренерска кариера ги водеше и Беране, Сутјеска, Будуќност, Ел Џаиш, Ал Мудар и Ал Кадсија, што дополнително ја зацврстува неговата репутација во светот на ракометот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

