Данците видно ослабени против Македонија на престојното ЕП

Данскиот ракометен национален тим видно ослабена ќе настапи на престојното Европско првенство, во кое треба да игра и против Македонија. Играчот на Алборт, Томас Арнолдсен ќе отсуствува од терените 12 недели, откако заработи фрактура на тибијата за време на победата над Киелце во Лигата на шампионите.

Аронлдсен незгодно нагази по еден шут. Не можеше да продолжи, и мораше со помош на соиграчите да биде изнесен надвор од теренот.

И покрај тоа што нема да биде потребна операција, сепак, ќе мора да паузира во следните три месеци, што би значело дека ќе го пропушти целокупното Европско првенство.

Покрај Арнолдесн, од данскиот национален тим ќе ги нема и Лауге, Менсинг, Јакоб Холм, Митгард и Ласе Мелер.

Се вчитува...