Иван Чупиќ: Бескрајно сум горд, срцето ми е полно кога Вардар гази вака…

Иван Чупиќ се покажа како вистински погодок за нов тренер на Вардар, „црвено-црните“ се со перфектен скор во домашното првенство, додека во Лигата на Европа се први во групата, на две кола до крајот осигурувајќи го пласманот во следната фаза.

Чупиќ имаше причина за задоволство на вчерашното гостување во Хрватска во кое Вардар го демолираше домаќинот Сесвете, за печат на пласманот во следната рунда. Хрватскиот стратег во изјавата за “germanijak.hr“ не го криеше воодушевувањето од она што неговите пулени го покажаа на теренот.

„Нормално дека сум среќен и задоволен како тренер. Моите играчи „гризеа“ од првата до последната минута, сите 60 минути. Беа подобри, ја демонстриравме нашата сила – начинот на кој тренираме и начинот на кој сакаме да играме. Им покажавме на сите можни противници каде ни е местото, што можеме да очекуваме од себе и што сè уште треба да подобриме. Им кажав на играчите пред натпреварот, а ќе го повторам и сега: Бескрајно сум среќен и горд на сите нив. Срцето ми е полно кога ги гледам како се борат, се борат еден на еден, го слават секој гол, ја чувствуваат таа позитивна енергија. Верувам дека сите во клубот се задоволни и среќни по вакви натпревари“, изјави Чупиќ.

Се вчитува...