Екс-голманот на Пелистер конечно најде нов клуб

Долго траеше потрагата по нов клуб на Филип Ивиќ откако искусниот голман летово го напушти Пелистер, за Хрватот денеска и официјално да го потпише договорот со Мешков Брест.

Белорускиот првак беше во потрага по врвен голман и изборот падна врз Ивиќ,, кој беше слободен на пазарот откако си замина од Пелистер, а потоа му пропадна и трансферот во Војводина, и тоа поради присуство на концертот на контроверзниот хрватски пејач Томпсон.

Ивиќ потоа беше поврзуван со неколку клубови, ниту еден од тие трансфери не се реализираше, за денеска и дефинитивно да му пристапи на Мешков Брест.

Искусниот хрватски голман претходно настапуваше и за екипите на Загреб, Киелце, Гумерсбах, Целје и Шамбери.

Се вчитува...