Кадетската екипа на Е. Пелистер повторно ќе биде дел од Лигата на Шампионите за млади, објавија вечерва „пелистерци“ на официјалните профили на социјалните мрежи.
„Пелистерци“ лани остварија одличен резултат со пласман на фајналфор турнирот во Келн, резултат што ќе се обидат да го повторат и во новата сезона.
„РК ПЕЛИСТЕР – (ген. 2008) ќе биде дел од ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ -за млади”❗️лжува да гради своја европска репутација со учество во EХФ Лигата на шампионите, најелитното клубско ракометно натпреварување за млади во Европа. Ова е потврда за посветеноста, дисциплината и високото ниво на работа на младите ракометари и стручниот кадар на клубот.
Минатата сезона, генерацијата 2006 го постигна најголемиот успех на македонска младинска екипа на европската сцена, пласирајќи се на завршниот турнир „Final Four“ во Келн и влегувајќи меѓу најдобрите четири тимови во Европа. Овој резултат постави високи стандарди за следните генерации и инспирација за сегашната кадетска екипа.
Генерацијата 2008 ја продолжува оваа успешна традиција, претставувајќи го РК Пелистер, градот Битола и Република Македонија на највисоко европско ниво. Клубот континуирано инвестира во младинските категории, градејќи силна база за идни ракометни шампиони и унапредувајќи го угледот на македонскиот ракомет на меѓународната сцена“, се вели во соопштението на „пелистерци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

