Франција е последен полуфиналист на СП

Женската ракометна репрезентација на Франција е последниот полуфиналист на Светското првенство во Холандија и Германија, откако вечерва во четвртфиналето славеа против репрезентацијата на Данска со 26-31.

Французинките одлично го отворија натпреварот и веќе на полувреме имаа позитива од пет гола 12-17. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 26-31.

Во полуфиналето Франција ќе игра против Германија, додека вториот полуфинален пар го сочинуваат Холандија и Норвешка.

 

Се вчитува...