Шок: Астон Мартин ги повлекува возачите – се стравува од трајно оштетување на нервите

Шефот на Астон Мартин, Адријан Њуи, објави шокантна вест дека возачите на овој тим, Фернандо Алонсо и Ленс Строл нема да можат да ја завршат претстојната трка во Мелбурн, првата сезона во Формула 1 шампионатот, поради ризиок од трајно оштетување на нервите.

Тој на прес-конференцијата во Мелбурн потврди дека проблемот го предизвикуваат вибрациите од погонската единица, што прави невозможно да се извози цела трка.

„Вибрациите на воланот се огромни, тие се пренесуваат на прстите на возачите и можат да предизвикаат и трајни ошетувања. Алонсо ми кажа дека не може да вози повеќе од 25 круга, Ленс пак не верува дека може да издржи повеќе од 15 кругови“, вели Њуи.

Со оглед на фактот дека трката за ГН на Австралија се вози 58 кругови, јасно е дека возачите на Астон Мартин нема да можат да извозат ни половина трка.

„Нема потреба да се лажеме. Не знаеме дали да се повлечеме целосно, или строго да го ограничиме бројот на кругови што ќе го возиме… се додека не го најдеме решението за проблемот со вибрациите“, прокоментира Адријан Њуи.

Се вчитува...