Гостивар се засили со Стојановски и со Грегори

Кошаркаскиот клуб Гостивар доби две засилувања за финишот од сезоната. Гостиварци го засилија својот ростер со Американецот Кам Грегори, а доаѓа и Борјан Стојановски.

Грегори игра на позицијата центар, кој треба да донесе квалитет, агресивност и стабилност и во одбраната и во нападот на тимот. Стојановски кој игра на бековската позиција, доаѓа од редовите на Работнички. Во минатото играше и за ТФТ, Пелистер, Феникс и МЗТ.

Следен натпревар за Гостивар е во недела против Куманово.

 

Се вчитува...